Матеј 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска, велејќи:

2. ”Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”

3. Зашто тој е оној, за кого пророкот Исаија рече: „Гласот на оној, кој вика во пустината: Пригответе го патот на Господа, направете ги прави Неговите патеки!

4. А сам Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините; а скакулците и дивиот мед му беа храна.

Матеј 3