Матеј 27:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога се раздени, сите свештенички главатари и народните старешини се советуваа против Исуса, за да Го убијат.

2. И Го врзаа, Го одведоа и му Го предадоа на управителот Понтиј Пилат.

3. Тогаш Јуда, кој Го предаде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините;

4. велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.” А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!”

Матеј 27