Матеј 26:61-68 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

61. Најпосле дојдоа двајца и рекоа: „Овој рече: ‘Можам да го разурнам Божјиот Храм и да го соѕидам за три дни.’”

62. Тогаш првосвештеникот стана и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”

63. А Исус молчеше. Првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш дали си Ти Христос, Божјиот Син?”

64. Исус му кажа: „Ти рече! Но, Јас ви велам: отсега ќе Го гледате Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.”

65. Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Го хули Бога! Зошто ни се потребни уште сведоци? Ете, сега ја чувте хулата?

66. Што мислите?” А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!”

67. Тогаш Го плукаа во лицето и Го удираа со тупаници,

68. а други му удираа плесници, говорејќи: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?”

Матеј 26