Матеј 24:36-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.

37. Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.

38. Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот,

39. и не знаеја додека не дојде потопот и однесе сè, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.

Матеј 24