Матеј 22:34-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. А кога фарисеите чуја дека ги замолкна садукеите, се собраа заедно,

35. и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го:

36. ”Учителе, која е големата заповед во Законот?”

37. А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!”

38. Тоа е најголемата и прва заповед;

39. а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!”

40. На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците.”

41. А кога фарисеите беа собрани, Исус ги праша:

42. ”Што мислите за Христа? Чиј Син е?” Му рекоа: „Давидов.”

Матеј 22