Матеј 2:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. и му рече: „Стани, земи Го Детето и Неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на Детето.”

21. И тој стана, го зеде Детето и Неговата мајка, и дојде во земјата Израелева.

22. Но кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; туку предупреден од Бога во сон отиде во пределите Галилејски;

23. и откако дојде се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни реченото од пророците дека ќе се нарече Назареец.

Матеј 2