Матеј 2:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу, па испрати да бидат погубени, во Витлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што го дозна точно од мудреците.

17. Тогаш се исполни реченото од пророкот Еремија кога рече:

18. ”Глас се чу во Рама, плач и ридање големо; Рахил ги оплакува своите деца, и не сака да се утеши, зашто ги нема.”

19. А кога умре Ирод, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон, во Египет,

Матеј 2