Матеј 19:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам: богат мачно ќе влезе во небесното царство!”

24. И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”

25. Кога учениците го чуја тоа се зачудија мошне и рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?”

26. Исус ги погледна и им рече: „На луѓето ова им е невозможно, но за Бога сè е возможно.”

Матеј 19