Матеј 19:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. И големо множество тргна по Него, а Тој ги оздрави таму.

3. И фарисеите Му пристапија, Го искушуваа и рекоа: „Дали смее човек да ја остави својата жена по секаква причина?”

4. А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско,

5. и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’

6. Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!”

Матеј 19