23. Затоа царството небесно е слично на некојси цар, кој сакал да ги среди сметките со своите слуги.
24. А кога почна да ги расчистува, при него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти.
25. И бидејќи немаше да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сè што имаше, за да се плати долгот.
26. Тогаш слугата падна и му се поклонуваше, велејќи: ‘Господаре, имај трпение кон мене и ќе ти исплатам сè.’
27. И поттикнат со сожалување, господарот на оној слуга, го пушти, и му го прости долгот.