Матеј 18:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тој час учениците дојдоа при Исуса и рекоа: „Тогаш, кој е поголем во царството небесно?”

2. И повика дете при Себе, го постави среде нив

3. и рече: „Вистина ви велам, ако не се обрнете и станете како деца, нема да влезете во царството небесно.

4. И затоа, кој ќе се понизи себеси како ова дете, тој е поголемиот во царството небесно.

5. И кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима.

6. А кој наведува на грев едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси мелнички камен на вратот, и да потоне во морската длабочина.

7. Тешко му на светот од соблазни! Зашто неизбежно соблазните ќе дојдат, но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната!”

Матеј 18