Матеј 17:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. И додека беа заедно во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,

23. и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе биде воскреснат.” И тие многу се нажалија.

24. А кога дојдоа во Капернаум, собирачите на двете драхми, храмовиот данок, му пристапија на Петра и рекоа: „Зарем вашиот Учител не плаќа две драхми?”

25. Тој рече: „Да.” И кога влезе во куќата Исус го испревари, велејќи: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок, од своите синови или од туѓинците?”

Матеј 17