15. ”Господи, смилувај му се на мојот син, зашто е месечар и се мачи многу; зашто често паѓа во огнот и често во водата.
16. И го доведов при Твоите ученици, а тие не можеа да го исцелат.”
17. И Исус одговори и рече: „О, неверен и развратен роде! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука.”
18. И Исус го прекори, и излезе демонот од него, и момчето беше исцелено од тој час.
19. Тогаш учениците дојдоа при Исуса насамо и рекоа: „Зошто не можевме ние да го изгониме?”
20. А Тој им рече: „Заради вашето неверие; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно.
21. А овој род не излегува освен преку молитва и постење.”
22. И додека беа заедно во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,
23. и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе биде воскреснат.” И тие многу се нажалија.