Матеј 14:31-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. А Исус веднаш ја испружи раката, го фати и му рече: „Маловерен, зошто се посомнева?”

32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.

33. А оние, кои беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: „Навистина Ти си Божји Син.”

34. И кога преминаа, дојдоа во Генисаретската земја.

Матеј 14