Матеј 14:21-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А оние, кои јадеа, беа околу пет илјади мажи, освен жените и децата.

22. И веднаш ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат пред Него на другата страна, додека да го распушти народот.

23. И штом го распушти народот, се искачи на гората, за да се моли насамо. А кога се свечери, беше Сам таму.

24. А коработ веќе беше многу стадии далеку од брегот, измачуван од брановите, зашто ветерот беше спротивен.

Матеј 14