Матеј 14:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. и испрати, па го обезглавија Јована во затворот.

11. И неговата глава беше донесена на послужавник и дадена на девојката, а таа ја однесе на мајка си.

12. И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исуса.

13. А кога го чу тоа Исус, се повлече оттаму со кораб, во пусто место, насамо. Но мноштвата чуја и Го следеа пеш од градовите.

14. И кога излезе виде големо мноштво, беше поттикнат со сожалување кон нив и ги исцели нивните болни.

15. А кога се свечери Неговите ученици дојдоа при Него и Му рекоа: „Местово е пусто и времето е веќе поодминато; распушти ги мноштвата да отидат по селата за да си купат храна.”

16. Но Исус им рече: „Нема потреба да одат, дајте им вие да јадат!”

17. А тие Му рекоа: „Тука немаме ништо, но само пет лебови и две риби.”

Матеј 14