Матеј 14:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време четворовласникот Ирод го чу гласот за Исуса;

2. и им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, и затоа силните дела дејствуваат во Него.”

3. Зашто Ирод го фати Јована, го врза и го стави во затвор, заради Иродијада, жената на брата си Филипа;

4. бидејќи Јован му велеше: „Не ти е дозволено да ја имаш.”

Матеј 14