Матеј 13:48-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

48. Кога се наполни, ја извлекоа на брегот и седнаа, па ги собраа добрите во садови, а лошите ги исфрлија.

49. Така ќе биде и на свршетокот на векот; ангелите ќе излезат и ќе ги одделат злите од среде праведните,

50. и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање на заби.”

51. Исус им рече: „Дали го разбравте сето ова?” Му рекоа: „Да Господи!”

52. А Тој им рече: „Затоа секој книжник, поучен за царството небесно, прилега на домаќин, кој од својата ризница изнесува ново и старо.”

Матеј 13