45. ”И пак, царството небесно е слично и на трговец, кој бара убави бисери.
46. А кога најде еден скапоцен бисер, оди и продава сè што има, и го купува.”
47. ”И пак, царството небесно уште е слично на мрежа, фрлена во морето, која собира риби од секаков вид.
48. Кога се наполни, ја извлекоа на брегот и седнаа, па ги собраа добрите во садови, а лошите ги исфрлија.
49. Така ќе биде и на свршетокот на векот; ангелите ќе излезат и ќе ги одделат злите од среде праведните,
50. и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање на заби.”
51. Исус им рече: „Дали го разбравте сето ова?” Му рекоа: „Да Господи!”
52. А Тој им рече: „Затоа секој книжник, поучен за царството небесно, прилега на домаќин, кој од својата ризница изнесува ново и старо.”
53. И се случи кога Исус ги сврши тие параболи, да замине оттаму.