Матеј 12:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Но Јас ви велам, има тука еден што е Поголем од Храмот.

7. Ако би сте знаеле што значи: ‘Милост сакам, а не жртва,’ немаше да ги осудите невините.

8. Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата.”

9. И кога си замина оттаму, дојде во нивната синагога.

10. И ете, таму беше човек со исушена рака; и - за да Го обвинат - го прашаа, велејќи: „Дали е дозволено да се исцелува во саботите?”

11. А Тој им рече: „Кој човек од вас, ако има една овца, и таа падне во саботен ден во јама, не ќе ја фати и не ќе ја извади?

Матеј 12