Матеј 11:15-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Кој има уши нека слуша!”

16. ”А со што да го споредам овој род? Личи на децата, кои седат по трговиштата и им викаат на другарите,

17. велејќи: ‘Ви свиревме на свирол и не игравте, ви пеевме жални песни и не жалевте.’

18. Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: „Има демон!”

19. Дојде Синот Човечки, кој јаде и пие, па велат: „Еве, човек лаком и пијаница, пријател на цариници и на грешници! „И мудроста се оправда преку нејзините дела.”

20. Тогаш почна да ги укорува градовите, во кои се случија најмногу Негови чуда, зашто не се покајаа.

Матеј 11