Матеј 10:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Вистина ви велам, полесно ќе и биде на Содомската и Гоморската земја во судниот ден, отколку на оној град.”

16. ”Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби.

17. Чувајте се од луѓето, зашто ќе ве предаваат на судовите и ќе ве бичуваат во своите синагоги.

18. Ќе ве изведуваат пред управителите и царевите, заради Мене, за сведоштво на нив и на народите.

Матеј 10