Марко 8:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И фарисеите излегоа и почнаа да се препираат со Него, барајќи од Него знак од небото, да Го искушаат.

12. А Тој воздивна, со својот дух и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Вистина ви велам, нема да му се даде знак на овој род.”

13. И ги остави пак, влезе во коработ и премина на другата страна.

14. И заборавија да земат леб, и имаа само еден леб со себе во коработ.

15. И им заповеда, велејќи; „Гледајте! Чувајте се од фарисејскиот квас и од квасот Иродов!”

16. Тие пак размислуваа меѓу себе: „Бидејќи немаме леб!”

Марко 8