Марко 5:39-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. и кога влезе им рече: „Зошто викате и плачете? Детето не е умрено, туку спие!”

40. И Му се потсмеваа. А Тој ги истера сите надвор, ги зеде: таткото на детето, и мајката и оние кои беа со Него, и влезе таму каде што беше детето.

41. И кога го фати детето за рака му рече: „Талита кум!”- што значи: „Девојче, Јас ти велам стани!”

42. И девојчето стана веднаш и одеше, зашто имаше дванаесет години. И веднаш се зачудија многу.

43. И им заповеда строго никој да не дознае за тоа, и рече да и дадат да јаде.

Марко 5