9. И им рече на Своите ученици да Му се приготви еден кораб, заради народот, за да не Го притискаат.
10. Бидејќи мнозина излекува, така што навалуваа на Него сите, кои страдаа, за да Го допрат.
11. И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син!”
12. И им забрануваше строго да не Го разгласуваат.
13. И се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои ги сакаше и тие отидоа кај Него.
14. И определи Дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат,
15. и да имаат власт да ги изгонуваат бесовите.
16. И ги определи Дванаесетмина: и на Симона му го даде името Петар,
17. па Јакова Зеведеев и Јована, братот Јаковов, на кои им го даде името Воанергес - што значи: Синови на Громот;
18. и Андреја, и Филипа, и Вартоломеја, и Матеја, и Тома, и Јакова Алфеев, и Тадеја, и Симона Хананец,
19. и Јуда Искариотски, кој Го предаде.
20. И дојде во една куќа, и пак се собра народ, така што не можеа ни леб да јадат.