Марко 3:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Бидејќи мнозина излекува, така што навалуваа на Него сите, кои страдаа, за да Го допрат.

11. И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син!”

12. И им забрануваше строго да не Го разгласуваат.

13. И се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои ги сакаше и тие отидоа кај Него.

14. И определи Дванаесетмина да бидат со Него, и да ги праќа да проповедаат,

15. и да имаат власт да ги изгонуваат бесовите.

16. И ги определи Дванаесетмина: и на Симона му го даде името Петар,

Марко 3