Марко 2:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. ”Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?”

8. И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца?

9. Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’

10. Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот:

11. ”Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!”

Марко 2