Марко 2:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот:

11. ”Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!”

12. И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!”

13. И излезе пак покрај морето; и целото множество доаѓаше при Него, и го поучуваше.

14. И минувајќи, го виде Левија Алфеев, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!” И тој стана и тргна по Него.

Марко 2