Марко 15:38-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу.

39. А кога виде стотникот, кој стоеше спроти Него, дека така издивна, рече: „Навистина, Овој човек беше Божји Син!”

40. А оддалеку гледаа и жени, меѓу кои беше Марија Магдалена, Марија мајка на Јаков малиот и на Јосија и Салома,

41. кои одеа по Него, кога беше во Галилеја, и Му служеа, и многу други, кои дојдоа со Него во Ерусалим.

Марко 15