Марко 14:46-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

46. А тие ставија раце на Него и Го фатија.

47. А еден од оние, кои стоеја таму, истрга меч и го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.

48. Исус пак одговори и им рече: „Излеговте како на разбојник, со мечеви и стапови, за да Ме фатите!

49. Секој ден бев при вас, во Храмот, и поучував, но не Ме фативте. Но, Писмата треба да се исполнат!”

50. Тогаш, сите Го оставија и се разбегаа.

Марко 14