Марко 14:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа.

24. И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина.

25. Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.”

26. И откако испеаја песна, излегоа на Маслиновата Гора.

27. И Исус им рече: „Сите ќе се соблазните, зашто е напишано: „Ќе го удрам Пастирот, и овците ќе се разбегаат.”

Марко 14