Марко 10:49-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

49. Исус застана и рече: „Повикајте го!” И го повикаа слепецот и му рекоа: „Не бој се! Стани, те вика!”

50. А тој ја фрли својата наметка, скокна и дојде при Исуса.

51. Исус пак проговори: „Што сакаш да ти сторам?” А слепецот Му одговори: „Учителе, да прогледам!”

52. Тогаш Исус му рече: „Оди си - твојата вера те спаси!” И веднаш прогледа и тргна по Него, по патот.

Марко 10