Лука 9:54-56 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

54. Кога го видоа тоа учениците, Јаков и Јован рекоа: „Господи, сакаш ли да заповедаме да слезе оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?”

55. А Тој се заврте и ги укори, велејќи: „Вие не знаете од каков дух сте;

56. зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси.” И отидоа во друго село.

Лука 9