Лука 8:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Откако се собра големо множество и кога луѓе од сите градови дојдоа при Него, им рече во парабола:

5. ”Излезе сејач да сее свое семе. И додека сееше - едно падна покрај патот, и го изгазија и небесните птици го исколваа.

6. Друго пак падна на камен, изникна и се исуши, зашто немаше влага.

7. Друго падна меѓу трње и трњето - растејќи со него - го задушија.

8. А друго падна на добра земја, изникна и донесе стократен плод.” Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша нека слуша!”

Лука 8