Лука 8:30-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Исус го праша: „Како ти е името?” Тој пак рече: „Легион”, зашто многу демони влегле во него.

31. И Го замолија да не им наредува да одат во бездната.

32. А таму по ридот, имаше големо стадо свињи, што пасеа. И демоните Го замолија да им дозволи да влезат во свињите, и им дозволи.

33. И откако излегоа демоните од човекот, влегоа во свињите; и стадото се спушти низ стрмнината во езерото и се удави.

34. А кога пастирите видоа што се случи, избегаа и јавија за тоа во градот и во селата.

Лука 8