Лука 7:32-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Тие се како децата, кои седат по пазариштата и си викаат едни на други: ‘Ви свиревме и не игравте! Ридавме и не плачевте!’

33. Зашто дојде Јован Крстител, ниту јаде леб, ниту пие вино, а велите: „Бес има!”

34. Дојде Човечкиот Син, Кој јаде и пие, а велите: „Ете, изедник и пијаница, пријател на цариниците и грешниците!

35. И ја оправдаа мудроста сите нејзини чеда!”

36. Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него. Тој влезе во фарисеевиот дом и прилегна до трпезата.

Лука 7