Лука 7:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А кога се приближи до градската врата, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка му, која беше вдовица и со неа имаше големо множество од градот.

13. А кога Господ ја виде, се сожали на неа и и рече: „Не плачи!”

14. Тогаш се приближи и го допре носилото - носителите пак застанаа - и рече: „Момче, тебе ти зборувам, стани!”

15. Мртвиот седна и почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му.

16. И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас” и „Бог го посети Својот народ.”

Лука 7