Лука 6:1-2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Се случи во втората главна сабота, да минува низ посевите, а Неговите ученици кинеа класје, го триеја со рацете и јадеа.

2. А некои од фарисеите рекоа: „Зошто го правите тоа, што не е дозволено да се прави во саботни денови?”

Лука 6