Лука 24:27-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за Него во целото Писмо.

28. И кога се приближија до селото, во кое одеа, Тој се направи како да сака да оди натаму.

29. Но, тие Го задржуваа, велејќи: „Остани со нас, зашто вечерта е близу, а денот веќе превали!” И влезе да остане со нив.

30. И додека беше прилегнат со нив покрај трпезата, зеде леб, благослови, го раскрши и им го даде.

Лука 24