Лука 24:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И ете, во истиот ден, двајца од нив одеа во едно село, наречено Емаус, оддалечено шеесет стадии од Ерусалим,

14. и разговараа меѓу себе за сите овие настани.

15. И додека тие разговараа и се запрашуваа, Сам Исус им се приближи и одеше со нив.

16. Но на нивните очи не им беше дадено да Го препознаат.

Лука 24