Лука 22:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А наближуваше празникот на бесквасните лебови, кој се вика Пасха.

2. Свештеничките главатари и книжниците размислуваа како да Го убијат; но се плашеа од народот.

3. Тогаш сатаната влезе во Јуда, кој се викаше Искариотски, еден од бројот на Дванаесетмината.

4. Тој отиде и се договори со свештеничките главатари и со заповедниците како да им Го предаде.

5. И тие се зарадуваа и му ветија да му дадат сребреници.

Лука 22