Лука 21:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А тие Го прашаа, велејќи: „Учителе, кога ќе биде тоа, и каков е знакот, дека тоа ќе стане?”

8. Тој пак рече: „Внимавајте да не ве заведат, зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе речат: ‘Јас сум’ и ‘времето приближило!’ Не одете по нив!

9. Кога ќе чуете за војни и буни, не плашете се! Зашто тоа треба прво да стане, но не е веднаш свршетокот!”

10. Тогаш им рече: „Ќе се подигне народ против народ и царство против царство;

Лука 21