Лука 20:40-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

40. И не се осмелија веќе да Го прашаат за нешто.

41. Тогаш им рече: „Како велат дека Христос е Давидов Син?

42. Зашто самиот Давид вели во свитокот на псалмите: „Му рече Господ на мојот Господ: ‘Седи оддесно Мене,

43. додека ги положам Твоите непријатели, за подножје на Твоите нозе!’

44. И така, Давид Го наречува Господ; како Му е тогаш Син?”

Лука 20