Лука 20:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. И во истиот час книжниците и свештеничките главатари гледаа да стават рака врз Него, но се плашеа од народот. Имено разбраа дека за нив ја раскажа оваа парабола.

20. И набљудувајќи Го Му испратија луѓе, кои се правеа праведни, за да Го фатат во некој збор и да им го предадат на началството и на власта на управителот.

21. И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш; и не гледаш кој е кој, туку според вистината поучуваш по Божјиот пат.

22. Дали е дозволено да даваме данок на ќесарот или не?”

23. Тој пак го разбра нивното лукавство и рече:

Лука 20