Лука 17:12-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи, кои застанаа подалеку

13. и го поткренаа гласот, велејќи: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!”

14. А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свештениците!” И се очистија додека одеа.

Лука 17