Лука 17:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И им рече на Своите ученици: „Не е можно да не дојдат соблазни, но горко на оној, преку кого доаѓаат!

2. Подобро би било за него да му биде обесен мелнички камен на вратот и да го фрлат во морето, отколку да соблазни еден од маливе.

3. Внимавајте на себе! Ако ти згреши твојот брат, укори го и прости му, ако се покае.

4. Ако и седумпати на ден, згреши против тебе и седумпати се обрати кон тебе и рече: ‘Се кајам!’- прости му!”

Лука 17