23. И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом.
24. Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’”
25. А кога големо множество одеше со него, Тој се заврти и им рече:
26. ”Ако некој дојде при Мене, а не ги намрази: татка си и мајка си, и жена си, и децата, и браќата и сестрите, па и својата сопствена душа, не може да биде Мој ученик.
27. Кој не го носи својот крст и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
28. Зашто, кој од вас, кога сака да изгради кула, не ќе седне прво да ги пресмета трошоците, дали има со што да ја доврши?
29. И, кога ќе ја постави основата, а не може да доврши, сите - кои гледаат - да почнат да му се потсмеваат, велејќи:
30. ’Овој човек почна да гради, а не можеше да доврши!’
31. ”Или, кој цар, кога оди на војна против друг цар, прво не ќе седне да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној, кој иде против него со дваесет илјади?
32. Ако не може, испраќа пратеници додека е оној уште далеку и ќе моли за мир.
33. Имено така, ако некој од вас не се одрече од сè што има, не може да биде Мој ученик.
34. Солта е добра; но ако солта облутави, со што ќе се поправи?