Левит (3 Moj.) 9:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. „Ова е повелбата - рече Мојсеј - што Господ ја даде. Извршете ја, за да ви се покаже Господовата слава.”

7. Потоа Мојсеј му рече на Арона: „Пристапи кон народот, принеси ја твојата жртва за грев и твојата паленица; и направи покривање на гревот за себеси и народот, и принеси принос од народот, и направи покривање на гревот за него, како што Господ нареди.”

8. Арон му пристапи на жртвеникот и закла теле како жртва за својот сопствен грев.

9. Ароновите синови му донесоа крв, па го накваси својот прст во крвта и ја стави врз роговите на жртвеникот. Потоа ја излеа другата крв во подножјето на жртвеникот.

10. А лојот, бубрезите и мрежичката на црниот дроб од жртвата за грев ги изгоре на жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

11. Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.

12. И закла паленица, од која Ароновите синови му ја подадоа крвта. Тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.

13. Му ја дадоа и паленицата, дел по дел, а така и главата, и тој ја изгоре на жртвеникот.

Левит (3 Moj.) 9