Левит (3 Moj.) 8:9-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. На главата му сложи митра (капа), а однапред на капата закачи златна плочичка - свет венец - како што Господ му нареди на Мојсеја.

10. Потоа Мојсеј го зеде маслото за помазание и ги помаза Шаторот на средбата и сè што е во него, за да ги освети.

11. Седумпати го попрска со него жртвеникот па ги помаза жртвеникот и сиот негов прибор, мијалникот со неговото подножје, за да ги освети.

Левит (3 Moj.) 8