Левит (3 Moj.) 8:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Земи ги: Арона, а со него и неговите синови; облеките и маслото за помазание, јунецот на жртвата за грев, двата овна и кошницата со бесквасни лебови,

3. па собери ја целата заедница при влезот од Шаторот на средбата.”

4. Мојсеј направи како што му нареди Господ, и општеството се собра при влезот од Шаторот на средбата.

5. Тогаш Мојсеј и проговори на заедницата: „Господ нареди да се направи ова.”

6. Потоа Мојсеј ги изведе Арона и неговите синови и ги изми со вода.

Левит (3 Moj.) 8